Србија – Здружение Параквад ВШ им помага на граѓаните

Здружението на параплегичари и квадриплегичари Параквад ВШ помага на граѓаните и за време на пандемијата со коронавирусот. Здружението Параквад ВШ им овозможува помош на лицата со инвалидитет со цел нивна социјална и медицинска рехабилитација и стварање услови за подобар и поквалитетен живот. Здружението врши превоз на оваа група граѓани, кое во мометалната состојба е уште поотежнато. Исто така донира инвалидски колички и помагала, последна е донацијата на  инвалидски колички на Специјалната болница за психијатриски болести „Др Славољуб Бакалович“ кои се повеќе од  потребни во сегашната ситуација.

На здружението му помагаат многу добротвори меѓу кои е фирмата ББ КАНОН, која донираше визири за заштита кои им помагаат како на возачите, така и на тие во колл центарот и на волонтерите . Со носењето на визир моше многу полесно и побезбедно да се комуницира без носење на маска. Своето редовно работење и производство на заштитни уни везири изработени на CNC машина добиена на проект распишан од страна на државата, ББ КАНОН го преусмерија во хуманитарни цели. Донирале на лекарите на кои им се најмногу потребни во борбата со коронавирусот, потоа на здружението Параквад, на сообраќајната полиција, а продолжуваат и понатаму по приоритет на оние кои се најизложени.

Во оваа вонредна состојба освен со превозот, здружението Параквад ВШ во соработка со неколку ресторани помага и со овозможување на хуманитарни оброци на самохрани родители, лица со инвалидитет кои сами живеат сами, но и на сите останати членови на здружението, бидејќи како што нагласува претседателот на здружението Виторович, тие се премногу скромни да побараат помош сами.

http://www.parakvadvs.rs/