ДОНИРАЈ!НЕ ДИСКРИМИНИРАЈ! Добротворна кампања за помош на сексуалните работници

СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот започна со добротворна кампања за помош на сексуалните работници во Република Северна Македонија, кои имаат потреба од финансиска помош.

Последиците од КОВИД-19 пандемијата, не ја одминаа најстарата професија на светот.

Секогаш кога е можно, сексуалните работници одговорно се самоизолираат како одговор на повиците на државните институции. За многу семејства, приходите од сексуалната работа се единствени или примарни приходи во семејства на самохрани мајки и многудетни семејства.

Сексуалните работници се наоѓаат во навистина тешка состојба, особено поради тоа што се исклучени од националните економски мерки. Тие се соочуваат со губење на своите работни места, драстично намалување на клиентите, а со тоа и губење на приходите од кои им зависи езгистеницијата.

Поддржете ги сексуалните работници за време на кризата со КОВИД-19.

ЗА ДОНАЦИИ ОД ДОМА

Број на жиро с-ка:

СТАР-СТАР СКОПЈЕ КОВИД-19 ДОНАЦИИ

210-065896341011

НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ

Секоја донација е добредојдена. Од сѐ срце ви благодариме!
Tags: , , , , , , ,