2win800x200

Сумнал пружа помош на повозрасните Роми во Битола

Април 14, 2020

Мобилните тимови на Сумнал им пружаат помош на постарите Роми во Битола кои поради возраста, здравствени проблеми или  хендикеп не се во состојба да набават намирници, лековии и средства за заштита. При посетата тие разговара со нив за тоа како се снаоѓаат во новонастанатата ситуација од КОВИД--19 и дали им е потребна било каКва поддршка. Кај дел од корисниците при посетата им се купија основни наморници, а во исто време им се делеа заштитни маски и ракавици.

„Се грижиме за најстарите во ова време – невреме“, напишаа од „Сумнал“ на Фејсбук. 

Активностите се изведуваат  како продолжение на проектот „Психосоцијална поддршка и советување, социјален клуб и односи со јавноста на 100 преживеани Роми жртви на Холокаустот во Скопје“ финансиран од EVZ Stiftung – Erinnerung, Verantwortung, Zukunft кој е наменет за постари лица – Роми, жртви на Холокаустот во Македонија родени пред 09 Мај 1945 година.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани