Согласно годишната програма за заштита на животната средина, а истовремено следејќи ги мерките и препораките од Владата, со цел превенција и спречување од ширење на Ковид-19, Општина Велес врши редовно чистење и дезинфекција на јавните површини на целата територија на општината.

Преку проектот „Креирање можности за работа на сите – главна фаза”, кој е дел од програмата „РОМАКТЕД“, Општина Велес во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) вклучија четири невработени лица од ромска националност од Велес за вршење на дезинфекција на јавни површини во градот, односно во населбите каде претежно живеат сограѓани Роми.

Опремата и средствата за дезинфицирање ги обезбеди Општина Велес, а преку проектот лицата ќе бидат ангажирани 22 работни денови.