Организацијата на жени од Велес делеше бесплатно заштитни маски во Горно Оризари и Раштани

Петар Печков

Дел од жените од Горно Оризари и Раштани денес добија заштитни маски за лице. Нив ги донираше Општинската организација на жени од Велес. Биле поделени стотина а ги изработила членката на организацијата, Јагода Пачемска, кој е цвеќарка по професија. Материјалите биле обезбедени од организацијата. 

Оваа  наша активност денес  е  наши придонес  да се почитуваат препораките и се носат заштитни маски. Хуманоста ја покажаа членките од организацијата  во овие тешки моменти  - изјави Мирјана Трајковска, претседател на Организацијата на жени.  

Од организацијата потсетуваат дека имаат на располагање бесплатна правна помош и психолошка помош за жени жртви на семејно насилство Велес

070/645-318 075/ 603-348

Центар за жени жртви на родово базирано и семејно насилство Велес 076/340-225

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати