Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

sienjenamaski fin

Почитувани велешани, граѓански активисти и општествено одговорни фирми како и поединци Фондација за локален развој и демократија „Фокус “ од Велес и ЈЗУ Општа болница Велес, партнерски, ја поддржаа иницијативата на пет обучени шивачки за волонтерско шиење на заштитни маски од дома за потребите на здравствените работници во јавните здравствени установи во Велес, кои се први на удар во справување со епидемијата на КОВИД 19. 

Во исто време се повикуваат обучени шивачки во Велес, кои во домашни услови, волонтерски можат да помогнат во шиење и доработка на овој вид на потрошен материјал.

Исто така ве известуваме дека се набавува првата количина на материјал од кој ќе можат да се шијат маските.

Фондација „Фокус“ упатува апел до општествено одговорните фирми да донираат количини на материјал, кој колку може, и да ја помогнат оваа волонтерска акција. Освен ткаенина за изработка на заштитните маски можат да се донираат и дезинфекциони средства како и нараквици. Дел од сошиените маски, што ќе ги стерилизира, ЈЗУ Општа болница Велес ќе бидат наменети и за граѓаните во социјален ризик.

Јавното здравје – заедничка одговорност, од нас зависи!

Контакт за пријавување за шивачки волонтерки:
Убавка Јаневска 070 226 025
Ружица Николова 078 338 187

Контакт за пријавување на донации:
Д-р Божидар Бојаџиев, директор на ЈЗУ Општа болница Велес 078 290 700