Цел на оваа анкета е да се идентификуваат Вашите потреби за зелена дигитализација и идеи за воведување на нови дигитални услуги, на локално ниво.
Зелената дигитализација вклучува интегрирање на дигиталните технологии и одржливи практики за креирање на еколошка иднина. Ова подразбира обновлива енергија, енергетски ефикасни системи, развој на паметни градови, управување со отпад, еколошки транспорт, иновации, е-услуги и многу повеќе.
Ви благодариме однапред за Вашето учество во ова истражување и Ве охрабруваме да ги споделите Вашите размислувања и предложите иновативни идеи како подобро да се спроведува зелена дигитализација во Вашето место на живеење.
Заедно, можеме да креираме позитивни промени!